Search

Апелација потврди, 4 години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Апелација потврди, 4 години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Панче Ангелов ќе треба да одлежи 4 години затвор за насилтвото врз министерката Радмила Шекеринска на 27 април. Апелација го одби неговото барање да му ја намали казната или да му ја смени во условна, потврдија од судот за Телма. Повисокиот суд ја потврдил првостепената пресуда од 4 години затвор, која Ангелов ја оцени како превисока бидејќи, како што рече, само ја повлекол за коса Шекеринска и не и нанел тешки повреди.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата.

Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави