Search

Ресторан во Венеција им наплати 1,100 евра на 4 туристи и поради тоа заработи казна од 14,000 евра

Ресторан во Венеција им наплати на четири туристи 1,100 евра за четири порции стек, пржена риба и вода. Овие вести и донесоа навистина лош публицитет на Венеција.

Osteria da Luca привлече внимание, во негативна конотација на зборот, со тоа што им наплати преголема сума на четири туристи од Јапонија кои вечерале во овој ресторан.

Градоначалникот на Венеција, Luigi Brugnaro се обврза да интервенира во оваа „срамна епизода“. Откако се објави веста за овој настан, Osteria da Luca доби посета од полицијата, санитарна и пазарна инспекција, по што заработи и казна од 14,000 евра. 

Санитарната и градежната инспекција откриле повеќе неправилности во кујната на ресторанот, како и во делот во кој престојуваат гостите. По истражувањето на овој случај, се испоставило дека и финансиското работење на овој ресторан е нерегуларно. 

Венецијанската хотелиерска асоцијација на четирите туристи им понуди бесплатен престој за две ноќевања во хотел со четири или пет ѕвезди, со цел да го обелат својот образ и да ја вратат репутацијата. Сепак, се уште нема известување за тоа дали им била вратена одредена сума на „ограбените“ туристи.

Vittorio Bonacini, претседателот на хотелиерската асоцијација изјави дека овој немил настан остава лош белег на сликата за овој град. – „По долга дискусија решивме да им понудиме бесплатен престој на четирите туристи во еден од нашите најдобри хотели“ – изјави Bonacini.

Треба да знаете
Последни објави