Search

Обвинителството побара Игор Дурловски да биде пренесен во куќен притвор

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара продолжување на мерките за осомничените за настаните во Собранието. За дел од нив побара продолжување на притворот, за Игор Дурловски побара преместување во куќен притвор, а за пратеничката Жаклина Пешевска побара укинување на куќниот притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија. 

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П. да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопшти Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од кривичниот суд да ја укине мерката куќен притвор за пратеничката Жаклина Пешевска и нејзина замена со мерки на претпазливост.

Треба да знаете
Последни објави