Search

Мистериозен потонат брод чува страшна тајна: Крвавата Клотилда излегла од калта по 160 години

 

На брегот на делтата во која реката Томбигби, Тенсов и Мобил се влеваат во истоимениот залив во американската држава Алабама, неодамна бил откриен брод, за кој истражувачите веруваат дека остаток од Клотилда, последниот брод кој на брегот на денешните Соединети Американски Држави од Африка носел робови.

Под дебелиот слој кал се гледа костурот на бродот долг 26 метри, кој изгорел кратко откако се закотвил. 

Пред неколку седмици го пронашол истражувачкиот новинар Бен Рајнес, за време на невообичаено ниската осека. Тој е во константен контакт со истражувачите кои се обидуваат да утврдат дали навистина станува збор за славната Клотилда.

Според првите информации, станува збор за брод кој потонал пред околу 160 години, а бидејќи бил пронајден на само неколку километри од местото каде изгорела Клотилда, големи се шансите да станува збор за легендарниот брод. Видливи се траги од горење, а техниката на градење бродови е токму од тој период.

Иако претседателот Томас Џеферсон во 1807. година потпишал закон со кој се забранува увоз на робови, ропството уште неколку децении било прифатено на американскиот југ.

Потомците на робовите од Клотилда имаат своја заедица

Луѓето кои по истоварувањето од Клотилда станале робови, по Граѓанската војна останале да живеат на истото подрачје каде го создале градот наречен Африкантаун, во кој зборувале на свој јазик и воспоставиле сопствен образовен систем.

Последниот преживеан од Клотилда починал во 1935. година.

Треба да знаете
Последни објави