Search

Мисица брутално ликвидирана на улица: Ќерката ја одвела во училиште и тргнала дома, не ни помислувала дека убиецот ѝ зад пети

 

Надзорните камери го снимиле страшниот момент на убиството на поранешната натпреварувачка за Мис на Гватемала на улиците на главниот град на оваа држава.

32-годишната Роса Отилиа Рамирез била застрелана на 19. јануари додека се враќала дома, откако ја одвела својата ќерка во училиште. Камерите го снимиле моментот кога маскираниот маж и пришол од зад грб и ѝ пукал во глава. 

Полицијата изјавила дека убиецот најверојатно е некој што ја познавал и дека станува збор за злосторство од страст. Уште нема осомничени за ова злосторство.

Државните медиуми објавиле снимка од надзорните камери. Гватемала е една од државите со најмногу насилство во светот.

Според полициските извештаи во 2009. година во Гватемала биле убиени повеќе цивили отколку во Ирак, а 97 проценти од убиствата останале нерешени.

“Гватемала е добро место за убиство бидејќи таму речиси сигурно можете да се извлечете”, изјавил еден службеник на ОН.

Треба да знаете
Последни објави