Search

Јавноста очекуваше реакција од Првата дама за наводната афера на Доналд Трамп, а таа ги изненади со нешто неочекувано

 

Трачевите за тајната афера на Американскиот претседател Доналд Трамп не престануваат: Сите очекуваат реакција од Меланија Трамп, а таа ги замолчи со неочекуван одговор.

Веднаш по слетувањето во Давос, Доналд Трамп се упати кон Светскиот економски форум каде што беше очекувано и присуството на неговата сопруга Меланија, меѓутоа таа не се појави во негова придружба.

Првата дама на Америка требаше да биде со својот сопруг на дводневниот самит во Швајцарија, но таа го откажа ова патување поради „презафатениот распоред и логистички проблеми“, наведува во изјава нејзината преставничка Стефани Гришам. 

Меланија сепак се појави во јавноста и тоа во издание кое не беше очекувано. Имено, таа ненајавено го посети Меморијалниот музеј на хоолокаустот. Како што нагласува Daily Mail, ова е нејзиното прво самостајно појавување откако се појави приказната дека Доналд Трамп имал афера со порно глумицата Сторми Даниелс. 

Белата куќа не ги повика новинарите да ја забележат оваа нејзина посета во Вашингтон. За оваа нејзина посета на музејот дознаваме од нејзиниот Твитер профил.

Треба да знаете
Последни објави