Search

Голема трагедија во Јужна Кореја, пожар проголтал болница: 41 пациент изгорел во пожарот, 131 повреден

 

Најмалку 41 лице загинало, а преку 130 пациенти биле повредени во пожар кој избил во една болница во Јужна Кореја, соопштиле денес властите.

Од пожарната служба наведуваат дека 131 лице било повредено и дека 18 лица се во критична состојба. 

Агенцијата “Jonhap” истакнува дека ова е пожар со најголем број на жртви во последната деценија во Јужна Кореја.

Претседателот на земјата, Мин Џае Ин, свикал итен состанок со најблиските соработници и ја повикал владата да ги преземе сите неопходни мерки за да им се помогне на загрозените.

Пожарот избил во околу 7:30 часот по локално време на првиот кат во болницата Сеџонг, на одделението за интензивна нега. Бил ставен под контрола по неколку часа, соопштил шефот на пожарната служба во Мирјанг.

Мирјанг се наоѓа на околу 270 километри од главниот дел на зградата на болницата.

Повеќето жртви биле на првиот и вториот кат од болницата.

Се наведува дека причината за пожарот е засега непозната.

Во декември минатата година, 29 лица загинале во пожар во фитнес центар во градот Дјечеон.

Треба да знаете
Последни објави