Search

Итно пренесена на клиника: Куче скитник искаса19 годишна скопјанка

Итно пренесена на клиника: Куче скитник искаса19 годишна скопјанка

Деветнаесет годишна скопјанка вчера била касната од куче скитник во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот се случил околу 21 часот на улицата Лука Геров каде 19-годишната К.М. ја каснала куче во пределот на потколеницата.

Девојката била однесена во комплексот клиники Мајка Тереза каде и била укажана лекарска помош.

Во изминатите месеци регистрирани се десетици напади од кучиња скитници врз жители на Скопје. Градските власти немаат одговор за проблемот поради што дел од граѓаните почнаа да оставаат на улица храна со отров или со остри предмети, а со цел да ги усмртат кучињата скитници. Ваквите постапки се нехумани спрема животните, но пред се тие се опасни за децата и останатите животни меѓу кои и кучињата кои не се скитници.

Треба да знаете
Последни објави