Search

Драма во Трубарево: Сам се избодел во градниот кош, итно пренесен на КАРИЛ

Драма во Трубарево: Сам се избодел во градниот кош, итно пренесен на КАРИЛ

Доктор од итна медицинска помош вчера околу 11 часот пријавил дека во село Трубарево Д.А. (61) бил прободен со нож.

-По извршениот разговор со таткото на повредениот, тој кажал дека Д.А. во еден момент разочаран и видно изнервиран почнал главата да ја удира во ѕид, по што земал нож и си нанел еден убод во пределот на градниот кош, информираат од МВР.

Од страна на итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

 

Треба да знаете
Последни објави