Search

Запознајте го Марсио, кралот на плажата: Живее во дворец од песок веќе 22 години, а вели дека не може да се навикне само на една работа

 

44-годишниот Бразилец Марсио Мизаел Матолијас, познат и како “крал на плажата”, обележал 22 години живот во песочниот дворец кој го изградил на брегот на Рио Де Жанеиро.

Неговиот необичен дом, со кој успешно ги избегнува вообичаените трошоци за сместување, го прославил ширум земјата, но и светот. 

Освен што ужива во животот на плажа, тој чита книги, игра голф и се занимава со риболов за да преживее. Со задоволство позира пред дворецот кој константно мора да го доработува бидејќи песокот поради големите горештини брзо се суши и руши. Овој Бразилец поправките на својот дом ги врши сам, поливајќи ги ѕидовите на дворецот со канти вода. Честото “реновирање” не го загрижува и гордо истакнува дека не сака да го менува начинот на живот.

“Пораснав во заливот Гуанабара и секогаш живеев на плажа. Луѓето добро плаќаат за да живеат покрај океанот, а јас немам никакви сметки и вака ми е сосема добро”, вели Марсио.

Неговиот дворец се наоѓа на плажа во чија околина недвижнините достигнуваат огромни цени, а во него има и просторија од три квадратни метри која е целосно исполнета со книги. Единствено што му пречи е што песокот ја задржува топлината на сонцето, па навечер тешко спие.

“Понекогаш не можам да спијам од топло, па одам кај пријатели, а некогаш едноставно преноќувам под ѕвездите”, вели овој човек.

Треба да знаете
Последни објави