Search

Родена е како сирена и ѝ давале 72 часа живот: Се случило чудо, еве како денес изгледа ова необично девојче

 

13-годишната Милагрос Керон е родена со необична аномалија позната како сиреномелија, односно “синдром сирена”.

Меѓутоа, нејзиниот живот бил далеку од бајка. Девојчето потекнува од сиромашно семејство во едно зафрлено село на Андите. 

Кога била родена со нозете споени од петите до половиот орган, лекарите на Милагрос не и давале никакви шанси да преживее. Нејзините фотографии го обиколиле светот и предизвикале чудење и сожалување. 

“Стапката на смртност кај бебињата со ова пореметување е многу голема. Бебињата со овој синдром умираат во првите 72 часа по раѓањето”, вели хирургот Луис Рубион, лекар благодарение на кој Милагрос денес е жива, здрава…и може да оди.

Милагрос е инаку еден од трите случаи во светот кои преживеале сиреномелија. Девојчето имало дури 13 операции, а во 2012. година и трансплантација на бубрег.

Доктор Рубион успеал со својот тим да и ги раздвои ножињата и да и овозможи да оди. Снимката која го прикажува моментот кога прв пат застанала на нозе и нејзиното тргнување во градинка ја гледал целиот свет.

Девојчето наполнило 13 години и ја покажало својата храброст и упорност да успее. Посетувала часови по танц кои ги обожува. Милагрос чека уште оперативни зафати, иако денес живее како секое здраво дете.

Кога ќе наполни 18 години, естетски хирург ќе мора да и ги исправи колената. Тогаш, се надеваат сите, Милагрос ќе живее сосема нормален живот.

Лечењето и многубројните операции не би биле можни доколку финансиски не помогнела државата Перу, бидејќи родителите на Милагрос се многу сиромашни.

Треба да знаете
Последни објави