Search

Мерцедес-бомба оддекнала пред џамија: Двоен напад во Бенгази, најмалку 33 лица загинале, ранети 50 луѓе

 

Првата бомба одекнала пред џамија од која верниците излегувале по вчерашната молитва.

Најмалку 33 лица загинале, а 50 биле ранети во двоен бомбашки напад во Бенгази, град на истокот на Либија, соопштиле службениците.

Првата бомба одекнала пред џамијата од која верниците излегувале по вчерашната молитва.

Само десеттина минути подоцна, кога на местото на експлозијата пристигнале безбедносни и здравствени службеници, одекнала и втора, многу силна експлозија. Бомбата се наоѓала во мерцедес, паркиран покрај џамијата.Меѓу жртвите е и Ахмед ал-Феитури од истражната единица.

Службениците навеле дека меѓу ранетите е и истакнат службеник од разузнавачката агенција, Мехди ал-Фелај.

“Reuters” пренесува дека жртвите има најмногу цивили, а службениците стравуваат дека бројот на загинати ќе расте. Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот.

Треба да знаете
Последни објави