Search

Груевски и Јанакиески не чувствуваат вина за уривањето на „Космос“

Груевски и Јанакиески не чувствуваат вина за уривањето на „Космос“

Поранешниот премиер Никола Груевски не чувствува вина за случајот со уривањето на „Космос“. Вина не чувствува ниту Миле Јанакиески ниту останатите петмина обвинети во случајот „ТНТ“.

Судијата Огнен Ставрев откако го поучи обвинетиот Груевски за законските можности и обврски, му рече: „Повелете Никола Груевски, станете да ве прашам дали го разбравте обвинението и дали чувствувате вина за истото?“. На ова Груевски одговори:„Не се чувствувам виновен и не сум го прекршил законот“.

По него за вина беше прашан и Јанакиески, кој исто така одговори дека не чувствува вина. Истиот одговор го дадоа и останатите петмина обвинети.

Оштетениот Фијат Цановски во судница рече дека пријавува штета за уривањето на комплексот „Космос“.

Во воведниот говор обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми рече дека обвинетите незаконски го срушиле „Космос“ чиј сопственик бил нивниот политички противник Фијат Цановски, само поради тоа што претседателот на ФЕИ ја прекинал коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Според СЈО, обвинетите ги злоупотребиле институциите на централната и локалната власт. Како доказ за тоа СЈО ќе понуди материјални докази, снимки од разговори помеѓу Јанакиески и Груевски, СМС пораки, вештачење и други докази. Одбраната во воведен говор повторно ги побара доказите и снимките.

 

Треба да знаете
Последни објави