Search

Семејството на Алмир од Куманово бара случајот да се води како убиство

Семејството на Алмир од Куманово бара случајот да се води како убиство

Револтирани граѓани излегоа на протест на Камени мост за да ги осудат, како што велат, обидите да се направи преквалификација на делото од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици, во врска со случајот со малиот Алмир Алиу од Куманово.

„Кај обвинетиот постои намера за убиство. Обвинителката подлегна на притисоците и побара мислење од Вишото обвинителство. Бараме од обвинителите стручно и правично да одлучат и да не го преквалификуваат кривичното дело. Од снимките се гледа дека е убиство со умисла“, порачаа присутните.

Тие пред зградата на Јавното обвинителство положија цвеќе за Алмир, кој беше прегазен на 25 јуни 2016 година по расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и обвинетиот Бобан Илиќ. Во обид да избега од напаѓачите, Бобан со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето.

Семејството Алиу бара максимална казна за Бобан, додека тој тврди дека е жртва во пресметката. На Бобан му се суди за кривично дело убиство со умисла, а на таткото Сеад Алиу и уште двајца негови роднини за насилство.

 

Треба да знаете
Последни објави