Search

Дигитални табли во ООУ „25 Мај“ во општина Гази Баба

Дигитални табли во ООУ „25 Мај“ во општина Гази Баба

Во ООУ „25 Мај“ во општина Гази Баба денеска беа промовирани смарт дигитални табли во рамки на проектот „Дигитално училиште – знаењето нема граници“.

Во 14 кабинети се инсталирани дигитални табли со кои им се олеснува работата на наставниците и учениците и се осовременува одвивањето на воспитно-образовниот процес, информира општина Гази Баба.

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски ја истакнал важноста од вовдувањето на дигиталните табли во образованието. Најавил дека во следниот период ќе се обезбедат такви табли за сите училишта во општината.

Треба да знаете
Последни објави