Search

Жена со тешки повреди по удар на автомобил во бетонска жардиниера во Скопје

Жена со тешки повреди по удар на автомобил во бетонска жардиниера во Скопје

Вчера околу 17,00 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Лада Нива“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.А. (70) од Скопје удрило во бетонска жардиниера.

Од незгодата со повреди се здобила сопатничката К.С. и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди и истата е задржана на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави