Search

Новороденчето чија мајка почина е во критична состојба

Новороденчето чија мајка почина е во критична состојба

Новороденчето кое се роди пред само неколку дена, а чија мајка почина е во критична состојба. Од четвртокот машкото бебе е на интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје со тешки оштетувања на респираторните органи, срцето и има крварење во мозокот. Уште неколку дена ќе биде на интензивна нега и под буден надзор на лекарите.

Министерството за здравство формираше посебна комисија за да се открие причината за смртта на родилката која почина пред неколку дена во приватната болница “Санте Плус”. Но, првичните резултати сè уште не се објавуваат.

„Во моментов нема ништо ново од комисијата формирана ден претходно. Случајот се разгледува од страна на комисијата и се очекува наредните денови да имаме и резултати кои ќе ги покажат причините кои доведоа до оваа трагедија.“ – велат од Министерство за здравство

Во четвртокот за време на породување со царски рез, 31-годишната Дебора Џамбази од Кичево почина како резултат на компликации за време на примањето анестезија. Обидите да се одржи во живот, според болницата, траеле повеќе од половина час, но биле залудни.

 

Треба да знаете
Последни објави