Search

Тарчуловски ќе го следи од дома обраќањето на Столтенберг во Собрание

Тарчуловски ќе го следи од дома обраќањето на Столтенберг во Собрание

Судот не му дозволи на пратеникот Јохан Тарчуловски, кој се наоѓа во куќен притвор, да го следи утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието.

Во понеделникот Тарчуловски, преку неговиот адвокат, побара од Кривичниот суд да му дозволи на 18 јануари да го напушти својот дом на четири часа за да може во Собранието да го слуша обраќањето на Столтенберг.

„Постапувајќи по барање на обвинетиот Ј.Т. да добие дозвола од судија на претходна постапка да се оддалечи од местото каде што ја издржува мерката куќен притвор како би можел да присуствува на обраќање во Собранието на Р.М., судијата на претходна постапка, м-р Ненад Савески, кој постапува по барањето, го извести лицето дека не му се дозволува да се оддалечи, на одредено време од местото каде што ја издржува изречената мерка. На лицето против кое е определен куќен притвор судот може, по исклучок, да му определи да се оддалечи за определено време од станот или од друг простор ако тоа е потребно за лекување или тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици за животот, здравјето или имотот на лицето или неговите блиски“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

 

Треба да знаете
Последни објави