Search

СО ПОМОШ НА ОВИЕ НАМИРНИЦИ ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТРЕСОТ

 

Стресот може да го ублажите на природен и вкусен начин. Во тоа може да ви помогнат следните 5 намирници:

Портокал

Доколку во последно време сте изложени на стрес, припремите сад со свежи портокали. Портокалите и мандарините содржат големо количество на витамин Ц, кој се покажал доста корисен во борба против стресот.

Поголемо количество на витамин Ц, го намалува нивото на кортизолот (хормонот за стрес) како и крвниот притисок кој обично знае да се покачи при долготрајни стресни ситуации.

Бадеми и други јаткасти плодови

Бадемите, фстаци и ореви се богати со омега 3 масни киселини кои го намалуваат стресот и истовремено штитат од депресија.

Овесна каша

Не само што е добар избор кога сакате здрав доручек, туку овесната каша го намалува и кортизолот во вашиот организам. Конзумирањето на овесна каша исто така може да го покачи нивото на серотонин, хормонот на среќа.

Темното чоколадо

Освен што е вкусно, чоколадото може да направи чуда кога е во прашање вашето расположение.

Конзумирањето на темна чоколада го ублажува стресот и го подобрува расположението.

Чај од камилица

Ако сите горенаведени намирници не се доволни за да се ослободите од стресот, тогаш истите залијте ги со топол чај од камилица.

Овој напиток има својство да го ублажи стресот и да ве смири во текот на нервозни ситуации.

Треба да знаете
Последни објави