Search

Продале се што имаат и заедно со своите 5 сина тргнале на пат околу светот

Продале се што имаат и заедно со своите 5 сина тргнале на пат околу светот

Нивниот живот изгледал совршено – имале се, куќа, автомобили, работи и здрави деца. Но на ова семејство совршенството знaчело досада. Затоа се одлучиле се да продадат и да тргнат нa пат.

Феј и Метју Годинг од Линколн, Велика Британија ја продале својата куќа со 4 спални соби и се останато што имале за да можат заедно со своите пет сина да тргнат на патување околу светот.

Бидејќи ваквиот совршен живот за нив значела досада, решиле да продадат се што имале да ги соберат парите и да тргнат на патување со своите синови Ралф (9), Јудах(7), Хунтер (4) и десетмесечните близнаци Федиј и Џаспер.

Празниците биле последните денови кои ги поминале во нивниот дом пред да го продадат. Семејството продало се и со себе понело само ранци со најнеопходни работи.

-Некои пријатели и останатиот дел од семејството сметале дека се луди што се откажуваат од сите тие работи. Беше прилично тешко да се ослободите од сите тие работи. Божиќот не беше ист како и секој друг, бидејќи не купувамме толку многу поклони. Продажбата на домот беше многу болно и тешко искуство додека ослободувањето од останатите работи и не толку – рекла 33 годишната Феј.

Феј се одлучила на ваков чекор откако ги родила близнаците, бидејќи и се чинело дека се што прави е средување и чистење на домот, додека пак постарите синови кои почнале со училиште скоро и да не ги гледала. Од пред извесно време почнала сама да ги учи дома.

Се пожалив на сопругот како се чувствувам и заедно ја донесовме оваа одлука. Момчињата извесно време нема да одат на училиште, но сметаме дека ќе научат многу од ова патување. Планираме да патуваме две години и да ја посетиме Јапонија, САД, Бали и Тајланд – рекла Феј. Додека патуваат работата ќе ја извршува од странство, но вработиле и други луѓе кои ќе им го водат бизнисот додека се на пат. Патувањето ќе го започнат од Шведска каде имаат пријатели – известува Daily Mail.

 

 

Треба да знаете
Последни објави