Search

СВЕТСКА БАНКА: Раст на македонската економија годинава од 3,2 проценти

Според најновиот извештај на Светска банка „Глобални економски перспективи“ за јануари 2018 година растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента.

Според Светската Банка, по надминувањето на политичката криза, која имаше негативно влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.

За 2019 година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9 проценти и 4 проценти во 2020 година.

Прогнозите за економскиот раст за 2017 година остануваат исти како и во есенскиот извештај од 1,5 проценти.

Во регионот највисок раст годинава ќе има Косово со 4.8 проценти, Албанија 3,6 проценти, БиХ 3,2 проценти, Бугарија 3,3 проценти, Хрватска 2,6 проценти, Црна Гора 2,8 проценти, Србија 3 проценти.

Проценките на СБ се дека глобалната економија годинава ќе се подобрува и предвидува раст од 3,1 процент.

Треба да знаете
Последни објави