Search

Нова можност да ја легализирате дивоградбата

Стартувајќи од денес па до крајот на годинава граѓаните ќе можат да ги легализираат дивоградбите.

Имено барањата ќе се поднесуваат во општините каде што се наоѓа дивоградбата, а треба да се приложи и сметка за платена вода или струја.

„Првиот рок од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, ќе можат да поднесат барање само оние кои претходно не поднеле комплетна документација. Сега во овој шестмесечен рок ќе можат повторно тоа да го сторат, но мора да поднесат барање со комплетна документација.Вториот рок од 1 јануари до 31 декември ќе можат да поднесат сите оние кои претходно не поднеле барање до општините. Значи овој рок е за сите кои до сега не поднеле никакво барање“, кажа министерот за транспорт Горан Сугарески.

Имено од оваа година има уште еден новитет кој се однесува на граежното земјиште.
По предлог на Министерството за транспорт и врски, на последната Седница на Владата на Република Македонија, се измени Уредбата која се однесува на висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување.

Имено цената за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата за изградба на објекти за групно домување се намалува на 70 денари за метар квадратен или намалување до 23 пати и се однесува за 58 општини во Република Македонија.

Според министерот Сугаревски ова е значајна социјална мерка со која ќе овозможиме згрижување и подобрување на условите за домување и престој.

Треба да знаете
Последни објави