Search

Му го демолирале ресторанот затоа што не сакал да се откаже од судски спор

 

 Ресторан во село Слупчане во Општина Липково, синоќа бил демолиран од група од шест лица, затоа што 22-годишниот сопственик Р.М. не сакал да се откаже од судски спор.

Според полицијата вандализмот се случил синоќа околу 1.20 часот. Шест лица влегле и седнале на маса, од кои еден му бил познат на сопственикот. По кратко време почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан.

„Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата. Истовремено едно од  лицата земало чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово“, велат од полицијата.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави