Search

Босна и Херцеговина може да биде исфрлена од Советот на Европа поради неспроведување одлука

 

Советот на Европа можно е месецов да воведе санкции за Босна и Херцеговина поради неспроведување на одлуката за Сејдиќ и Финци.

Државјаните на Босна и Херцеговина, Дерво Сејдиќ и Јакоб Финци, во 2006 година одвоено поднесоа претставки поради неможноста како припадници на ромското малцинство, односно еврејската заедница, да се кандидраат за членови во Домот на народот на Парламентарното собрание и Претседателството на Босна и Херцеговина бидејќи Уставот на БиХ предвидува дека за тоа може да се кандидираат само припадници на српскиот, бошњачкиот или хрватскиот народ.

Европскиот суд за човекови права по тужбите на Сејдиќ и Финци кон крајот на 2009 година донесе пресуда со која ѝ е наложено на Босна и Херцеговина од Уставот и од Изборниот законик да ги елиминира спорните одредби.

БиХ вети дека до 2013 година ќе ги спроведе измените, но сè уште го нема исполнето ветувањето.

Нермина Капетеновиќ од заедничката комисија за европски интеграции во Парламентраното собрание на БиХ оценува дека многу лесно може да се случи во јануари Советот на Европа да одлучи да ја санкционира Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави