Search

Четири лица убиени во напади со нож во текот на новогодишната ноќ во Лондон

За време на Новогодишните празници во Лондон се случиле четири неповрзани убиства, при што жртвите биле прободени со нож.

Три лица на возраст од 17, 18 и 20 години биле прободени во текот на новогодишна ноќ, додека рано денеска на ист начин било убиено и 20-годишно момче.

Уште еден човек е во критична состојба. Лондонската полиција соопшти дека пет лица се уапсени во врска со овие злосторства.

Треба да знаете
Последни објави