Search

Заложничка криза во Украина: Во пошта заробени 11 луѓе, од кои две деца

Човек за кој се верува дека на себе носи експлозив, се забарикадирал во пошта во украинскиот град Харков, при што зел 11 заложници од кои и две деца.

„Неидентификуваниот напаѓач е тивок, засега нема никакви барања и е во постојан контакт со полицијата преку телефон на еден од заложниците“, рекол во изјава за медиумите регионалниот полициски началник, Олег Бех.

На телевизиските снимки од локалните медиуми се гледаат полициски службеници и возила пракирани пред зградата на поштата во североисточниот дел на градот кој е затворен за сообраќај.

„Ние се обидуваме да сториме сé за да останеме во контакт со него и ќе сториме сé што е потребно за да се осигураме дека луѓето ќе бидат ослободени“, вели Бех.

Тој објасни дека човекот забарикадиран во поштата бил загрижен поради неодамнешната размена на затвореници меѓу украинската влада и проруските сили, при што го нагласил својот став дека требало да бидат ослободени повеќе заробеници.

 

Треба да знаете
Последни објави