Search

СЈО со нова предистрага за „Медиа принт Македонија“

Специјалното јавно обвинителство, според неофицијални сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ деновиве отворило уште една предистражна постапка за случувањата во „Медиа Принт Македонија“.

Според сознанијата на порталот, предистрагата била отворена пред десетина дена, а таа, наводно, била насочена во насока на утврдување на двојно сметковосдство од моментот кога „МПМ“ бил продаден од германскиот медиумски гигант „ВАЦ“ на домашни бизнисмени.

Отворањето на новата предистрага, по онаа од февруари оваа година кога се истражуваше бесплатното рекламирање на тогаш владеачката ВМРО-ДПМНЕ во висина од половина милион евра, наидува на пречки, бидејќи истражителите на СЈО не можат да го најдат седиштето на „Медиа Принт Македонија“, а не можат да дојдат ни до Срѓан Керим, кој од 12. декември минатата година, е единствен сопственик на компанијата.

Извори на порталот велат со новата истрага, освен Керим, ќе биде насочена и кон поранешната содружничка Јана Станисављева, за чиј што удел во фирмата, од 1,3 милиони евра, нема доказ за потекло на парите, но и поради нејзината месечна плата од 25.000 евра и уште дополнителни 1,1 милион денари.

Овие две постапки не се и единствените кои се водат против Срѓан Керим и Јана Станисављева, За нив, по неколку месечен штрајк новинарите на весниците коишто ги издаваше „МПМ“, преку Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, поднесоа кривична пријава за повеќе сторени кривични дела, но скопското Јавно обвинителство се уште јавно не се произнело.

Поранешните веаботени во весниците на „МПМ“ од Јавното обвинителство очекуваат информација и за скандалот наречен „пари во шише“, односно за скандалот тежок 750.000 евра, а којшто случај со години наназад се премолчува.

„По предлогот за отварање стечајна постапка од 20. ноември 2017 година, заведен под СТ.бр.1193/17, на ден 15. декември 2017 година, донесено е решение за поведување на претходна постапка за испитување на услови за отварање на стечајна постапка над должникот ‘МПМ’ и истото е објавено во Службен весник на РМ. Рочиштето по предметот СТ.бр.1193/17 е закажано за ден 18. јануари 2018 година, во 9,45 часот“, велат од Основниот суд Скопје 2 – Скопје, каде еднаш веќе имаше обид да се отвори стечај во „МПМ“.

Дали до средината на следниот месец ќе се создадат услови за отворање на стеќак на „МПМ“ е тешко да се каже, дотолку повеќе што еден таков обид пропадна, а долгувањата на компанијата кон вработените останаа.

Треба да знаете
Последни објави