Search

Ахмети: Партијата на Села е несериозна партија

Али Ахмети во вчерашното гостување на Клик Плус на ТВ 21 фрли искри кон Алијансата на Албанците нарекувајќи ја несериозна партија која има само двајца пратеници и со тоа даде јасни сигнали дека не очекува повеќе да биде дел од владината коалиција.

Симптоматичен е и бројот на пратеници кои Ахмети го истакна бидејќи на изборите во декември коалиција на трите партии во Алијансата доби тројца пратеници. 

Тоа значи дека пратеникот од РДК, Весел Мемеди веќе и официјално е пред излез од коалицијата на Алијансата од собраниските клупи, па може да биде во игра за давање на глас за мнозинството на Зоран Заев на кое треба да му се приклучат уште двајца пратеници. 

Тука на сцена може да стапат двајцата пратеници на ДПА кои и веќе дадоа поддршка за повеќе реформи во Собранието, па не би било изненадување доколку прифатат да работат за премиерот. 

Секако, постои и шанса од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да се слејат неколку пратеници кон „друштвото“ на Заев и Ахмети, како независниот пратеник Саздовски кој ги напушти и Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Никола Груевски како партнери, а ништо чудно и Амди Бајрам повторно да ја смени лојалноста и да застане зад владетелите бидејќи нема такви бенефиции ако е опозиционер.

Односите меѓу Ахмети и Села пламнаа за време на локалните избори кога ДУИ и Алијансата се бореа меѓусебе за градоначалнички места и искажаа тешки зборови еден за друг во жарот на кампањата. Тоа ги комплицираше односите во самата влада и доведе испразнето место во министерството за здравство да остане празно со месеци и наместо со кадар на Алијансата на Села и Таравари да биде пополнето со Венко Филипче, кандидат од СДСМ. 

Треба да знаете
Последни објави