Search

Се отвора истрага „Странски служби“, за набавка на опрема

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конфереција истакна дека се отвораат уште седум истражни постапки, за злоупотреба на службена положба, за измамa.

„Првата истрага е под кодно име „Странски служби“, односно се работи за злоупотреба на службена положба каде има двајца осомничени. Во текот на октомври и ноември 2014 година, началник на Одделот за оперативна техника детектирале нелегални активности. Тоа требало да ја потврди тезата дека масовното прислушување го извршиле странски служби. Оваа компанија со најбрза постапка за јавна набавка, односно со фаворизирање го добила тендерот за набавка на опрема. На 16 декември побарале да се спроведе постапка, а првоосмничениот на 19 декември донел одлука за набавка и самоиницијативно поднел до три странски компании. За пет дена било завршено се – истакна специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Според неа, на петтиот ден, на 24 декември е донесена одлуката за најповолна понуда, додека опремата е испорачана во мај, 2015 и веднаш е инсталирана.

Треба да знаете
Последни објави