Search

Најпознатиот млад пејач во Јужна Кореја пронајден мртов на 28 години, полицијата се сомнева во самоубиство

Младиот пејач во станот бил пронајден од неговата сестра, а членовите на бендот “Shinee” не можат да веруваат дека нивниот пријател веќе го нема.

Поранешниот член на еден од најпопуларните бендови во Јужна Кореја, “Shinee”, загинал на 28 години.

Младиот Јонгхјун, со целосно име Ким Јонг Хјун, поранешен член на најпознатиот машки состав во Јужна Кореја, е пронајден мртов во својот стан во Сеул, престолнината на Јужна Кореја.

Како што пренесуваат странските медиуми, Јонгхјун бил пронајден од неговата сестра, која се јавила во полиција и во Итна помош, по што било соопштено дека пејачот починал од труење со јаглерод моноксид.

Покрај тоа што бил дел од бендот “Shinee”, тој бил одличен пејач и имал голема улога кога станувало збор за текстовите и продукцијата на песните на овој состав, се до 2015-тата година, кога започнал соло кариера.

Младиот уметник неколку пати учествувал во борби за правата на младите, а се заложувал и за правата на ЛГБТ популацијата.

Составот “Shinee” бил познат и надвор од Јужна Кореја. Албумите на јапонски јазик биле продадени во повеќе од 55.000 примероци.

Во Велика Британија, сајтот “Одеон” паднал на една минута, откако картите за појавувањето на бендот “Shinee” на Филмскиот фестивал во Лондон во 2011-тата година биле пуштени на продажба.

Треба да знаете
Последни објави