Search

Детали за страшната сообраќајка кај „Раде Кончар“

Несреќата се случила околу 00:50 часот, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.  

Ноќеска 45 минути по полноќ на булевар „Третта Македонска бригада“ во Скопје, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, се случила сообраќајна незгода во која З.В. (51) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош кај возачот З.В. констатирана е смрт, а додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците М.К.(17) и К.К.(24) двајцата од Скопје, кои се пренесени во Ургентен центар Скопје и се задржани на КАРИЛ. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави