Search

Чавушоглу: Турција ќе ги почитува правата на мигрантите и бегалците

Турција мора да ги заштити и да ги почитува правата на сите мигранти и бегалци, оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по повод Меѓународниот ден на мигрантите.

– Нашиот свет е во движење низ историјата. И денес не е поинаку, бидејќи милиони луѓе бараат нови домови подалеку од нивните места на раѓање, напиша Чавушоглу на неговиот твитер профил.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мигрантите турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во Анкара организираше конференција на која говореше претседателот на Турција. Реџеп Тајип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави