Search

Кодно има Рентген: Екс министерот за здравство си обезбедил имотна корист за себе од 860.000 евра

Третата истрага која ја отвора СЈО е под иметот „Рентген“ и се однесува на 2012 годна, при што тогашниот министер за здравство се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластувања при јавна набавка намедициснка опрема и друга опрема за радиолошките служби во 4 здравствени установи во земјава.

Како што рече обвинителката Фетаи, постои основано сомнение дека во оваа постапка се фаворизирала една од фирмите, односно, уште пред почетокот на постапката и било овозможено на оваа фирма преку инсајдески информации да ја скенира состојбата во здравствените установи и да изготви студија. Според СЈО тогашниот министер бил запознат со стутдијата бидејќи му била испратена на личната имеил адреса. Овој случај како што рече Фетаи стана познат во јавноста, во јануари 2014 година, преку случајот на позната новинарска и нејзината мајка кои биле дел од сопственичката структура на фирмата што ја добила набавката.

Но, како што потврдила истрагата на СЈО, осомничениот по обелоденувањето на овој случај, не прекинал, туку и натаму продолжил со набвката  со тоа што ииако бил свесен дека треба да ја поништи, не ја спречил, туку склучил договор со второрагираните и со тоа прибавил противпрвна имотна корист за себе од 860.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави