Search

Германија бара над 100 илјади работници – ова се професиите кои се потребни

Германската економија која е во пораст се соочува со недостиг на млади квалификувани луѓе.

 

Централната агенција за вработување на Германија објави листа од околу 110 професии кои се бараат и каде најмногу недостигаат работници.

Германија бара инженери, ИТ специјалисти, лекари и здравствени работници, тргоци и повеќе занаетчиски занимања.

Во здравствениот систем најмногу недостасуваат доктори, медицински сестри, терапевти и фармацевти.

Потребни се и водоинсталери, монтери на клима уреди, санитарни работници, молери и фасадери.

Се бараат и работници во туризмот и во угостителскиот сектор, и има слободни работни места за се поврзано со работа во хотел и ресторан.

Потребно е основно познавање на германскиот јазик.

Треба да знаете
Последни објави