Search

Искасан старец во центарот на Скопје

Вчера попладне во 12,30 часот во ПС Центар, Б.Д.(71) пријавил дека на Плоштад Македонија поточно кај “Ристиќева Палата“, бил нападнат од кучиња скитници.

Едно од нив го каснало, по што се упатил во болница каде што му била укажана лекарска помош. 

Во петокот попладне околу 17.30 часот 10-годишно дете беше искасано од две кучиња скитници во скопската населба Карпош 4, веднаш зад училиштето Петар Поп Арсов. Детето се здоби со повреди на двете нозе, а примило и терапија против беснило на Инфективната клиника во Скопје.

Слични напади викендов беа забележани и во Охрид.

Треба да знаете
Последни објави