Search

Разбојништво на бензинската пумпа

Непознат маскиран сторител околу 3 часот по полноќ извршил разбојништво над вработен на бензинската пумпа „ЕЛ-ГО“ во местото викано „Липечко поле“ во Виница.

Полицијата соопшти дека сторителот со закана со пиштол одзел засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал.

СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави