Search

Прегазени две девојчиња во Скопје

Синоќа во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скопје, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје.

Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош, соопшти МВР.

Кај едното девојче биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај другото девојче биле констатирани телесни повреди и била упатена на Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави