Search

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со бојкотирање на седниците во Собранието

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска нема да учествува на седниците во Собрание. Од партијата велат дека ја бојкотираат работата на законодавниот дом поради политичкиот прогон што власта го врши врз неистомислениците.

„Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење пратеници, со апсење уметници, со апсење  луѓе кои што си ја сакаат Македонија“, изјави Ане Лашкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа информира дека како пратеничка гупа секојдневно имаат активности и средби со амбасадорите на кои ги информираат за актуелната политичка состојба.

Треба да знаете
Последни објави