Search

Заев се надева дека вечерва ќе падне коалициски договор за новите министри

Премиерот Зоран Заев од Косово рече дека вечерва, по враќањето во Скопје, ќе има состанок со коалициските партнери, се надева дека ќе биде последен состанок, по кој ќе ги соопшти имињата на предлог кандидатите до Парламентот за испразнетите места во Владата.

Заев рече дека во врска со кумановскиот случај, со својот косовски колега Рамуш Харадинај се договориле дека граѓаните од двете држави заслужуваат да ја знаат целата вистина и поради тоа имаат заеднички ставови дека треба да има меѓународна истрага.

На прашањето, дали Македонија ќе го поддржи зачленувањето на Косово во УНЕСКО, премиерот Заев рече:

– Знаете дека прашањето е одложено, не знаеме точно кога ќе се решава, јас се надевам дека паралелно со тоа ќе се решаваат и билатералните односи на Косово со Србија. Ние даваме голема поддршка на дијалогот кој што е отворен помеѓу Приштина и Белград, и во насока на тоа и решавањето на сите овие прашања. Косово треба да смета на поддршката на Република Македонија во сите свои процеси, но истовремено знаете дека и Република Србија е нашиот сосед, така што во делокругот на добрососедството со сите земји, се надеваме дека и билатерално ќе ги решаваат прашањата, а ние ќе бидеме овде за да ги помогнеме процесите на двете земји.

 

https://www.youtube.com/watch?v=uGe-lKOyPkM

 

 

Треба да знаете
Последни објави