Search

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата на 23-ти декември. Одлуката ја соопшти во вечерашната дебата ,, Само вистина,, со историчарот и публицист Стефан Влахов Мицов.

Петровски рече дека се одлучил на овој чекор по опсежна анализа и консултација со семејството, партиското членство меѓу кое и од дијаспората од каде како што рече ужива подршка. Рече дека се соочува со притисоци поради ова од како што рече ,, палатата,, алудирајќи на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Рече дека многу сериозно и со огромно внимание од ,,палатата,, биле примени најавите за негова кандидатура. Апелира ни под разно, како што рече, никој да не се обраќа кон делегатите како да гласаат ние сме демократска партија, и секој има свое лично право да гласа по лично убедување. Во спротивно рече Петровски можеме да се исправиме пред конгрес кој ќе разедини, по што ВМРО ДПМНЕ нема да може да се извлече од кризата која е и од идеолошка природа и ќе се соочи со поголем губиток од губитокот на последните локални избори.

Треба да знаете
Последни објави