Search

Дарко Димовски е новиот претседател на ССМ

Дарко Димовски и официјално стана претседател на ССМ.

Од 108 присутни делегати, за Димовски гласаа 68, додека неговиот противкандидат Пецо Грујовски ја доби поддршката на само 2 делегати.

„Мојот мандат е многу краток и ќе трае две години, зошто ова е вонреден конгрес и затоа ќе се фокусираме на овие три цели, враѓање на работничките права, загарантираната плата и враќање на достоинството. Реформите се неизбежни во Сојузот но тоа е наш интерен проблем, кој сплотено ќе го решиме.“ – вели Дарко Димовски – претседател на ССМ.

Сепак, ниту овој вонреден Конгрес не помина без обвинувања. Делегатите од УПОЗ, заедно со кандидатот Грујовски ја напуштија салата и обвинија дека процесот не бил демократски. Тие се побуниле зошто сакале гласањето да биде тајно, но мнозинството делегати одлучи гласањеро да биде јавно. Грујовски накратко застана пред камерите, но не објасни зошто ја напуштија салата.

„Ова беше најфарсичниот конгрес на ССм, проследен со контраверзии. Изгуби Сојузот на синдикатите на Македонија и работниците.“ – вели Пецо Грујовски – противкандидат на Дарко Димовски.

Претседавачот на Конгресот пред јавноста објасни дека ова второ продолжение било порадри потребата да се вратат демократските начини на избор за претседател, а тоа подразбира и јавно гласање за да се спречат можни малверзации.

„На најдемократски начин делегатите гласаа гласањето да биде јавно и го поддржаа таквиот начин на гласање. Вториот кандидат кој беше утврден затоа и конкресот го прекинавме да има демократија. Го напуштија конгресот зошто не сакаа демократијата да ја почитуваат до крај“ – вели Роберт Симоновски – претседавач на Конгресот.

Дарко Димовски во наредните 2 години ќе претседателствува со Сојузот, а потоа ќе има нови избори на редовен Конгрес. Изборот го следеа и делегати од меѓународните синдикални организации кои го оценија процесот како демократски. Годината во ССМ започна со раскол и насилство и отчленување на 4 гранкови синдикати. Дарко Димовски и Пецо Грујовски беа предводници во борбата против Живко Митревски, но по неговото заминување станаа ривали. Сега членството очекува дека синдикалните лидери ќе се заложат единствено за работничките права.

 

Треба да знаете
Последни објави