Search

Менувачницата во Кисела Вода сеуште затворена

Една недела по настанот, во објектот останале крвавите траги, а врз нив трагите од чевлите кои, како доказ стојат на светлите плочки од подот.

Во менувачницата на исто место останале саксиите со цвеќе, дигитронот, чашката со пенкала и останатите детали кои беа секојдневие во ова место. Но, крвавите траги кои се забележуваат, веднаш ви го одвлекуваат вниманието и ве потсетуваат дека овде се случил крвав настан.

Наместо да заминат со богат плен, како што најверојатно планирале, двајцата разбојници во понеделникот од објектот беа изнесени мртви, на носилки покриени со бели чаршафи.

Во оваа постапка клучен доказ ќе биде и снимката од безбедносните камери кои биле поставени во објектот. Обвинителството по завршување на истрагата ќе треба да донесе одлука за случајот.

Треба да знаете
Последни објави