Search

Коѕијас: Мора да пронајдеме компромис за спорот за името

Мора да постои компромис за решавање на спорот за името и тој пат ќе го отвори патот за Македонија кон ЕУ и другите организации кон кои сака да се приклучи. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во интервју за грчкото издание „Етнос“.

„Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека е можно да се приклучат кон овие организации без договор со нас, што е невозможно. Истовремено, некои од нас веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје“, нагласи Коѕијас.

Додаде дека Атина и Скопје ја сфатиле потребата да работат на изнаоѓање консензус и компромис.

„На сите наши соговорници им е јасно дека мора да се најде фер компромис за прашањето за името на нашиот северен сосед. Точно е дека во минатото некои во ЕУ создаваа илузии дека патот за членство во ЕУ и други организации може да се постигне без компромис “, вели Коѕијас.

Преговорите меѓу властите во Скопје и Атина со учество на меѓународниот посредник Метју Нимиц ќе бидат продолжени на 11 и 12 декември во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави