Search

„Фени“ дефинитивно оди во стечај

Отворена е стечајна постапка за кавадаречкиот комбинат за фероникел „Фени“.

Ваква одлука донесе судот во Велес на денешното рочиште на кое се одлучуваше каква ќе биде судбината на фабриката. Постапката ја побараа банките доверители и по отварањето на предстечајната постапка, денеска „Фени“ и официјално е во стечај.

Најголеми доверители во комбинатот се Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк роуд банката. Бугарски „Енекод “ утрово писмено ги известил дека не е во можност да исплати плати на вработените во „Фени“. Банкарите пак доцна синоќа и дадоа рок на бугарската компанија заинтересирана за фабриката да исплати плати пред почетокот на рочиштето за стечај.

Треба да знаете
Последни објави