Search

Делови од Сопиште, Студеничани, Карпош и Шуто Оризари утре без струја

Од 9 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од Нова Брезница, општина Сопиште, а од 9 до 13 часот корисниците од улиците 1, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот од 9 до 13.30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Хелсинки, Лондонска, Московска, Државниот архив, од булеварот Партизански одреди бр. 113А и бр. 113Б и дел од улицата „Нобелова“ во општина Карпош.

Без струја од 8.30 до 12.30 часот ќе бидат корисниците од улиците Виничка, Нов живот, Гарибалди, Демирхисарска, Мелничка, Злетовска, Бутелски венец, Вашингтонска, Слан Дол, Шуто Оризари, Плачковица, Виетнамска, Че Гевара и Детската градинка и амбулантата на улицата Шуто Оризари.

Од 14 до 15.30 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од жителите лоцирани на улиците Метохиска, Рељо Шестокрило и Гарсија Лорка, а од 12 до 13.30 часот корисниците од улиците Галичица, Нов живот, Виетнамска и Дринска, општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.

Треба да знаете
Последни објави