Search

Бетмен и Борис Дамовски сами се пријавиле во судот

Во неколку наврати демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“, „Никола, Никола“ и „Слобода, Слобода“

Пред неколку минути во судот дојде и Богдан Илиевски Бетмен, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, кој  како што јавија некои медиуми, сам се пријавил во судот.

Претходно, само се пријавил и Борис Дамовски, исто така од движењето „За заедничка Македонија“.

Претходно пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во моментов се поставува озвучување преку кое најверојатно ќе се обрати и тој.

Покрај Груевски на протестот се присутни и неколку истакнати партиски лица и поранешни функционери. Меѓу нив и екс министрите Владо Мисајловски и Спиро Ристовски, како и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тука е и екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Груевски се поздрави со дел од присутните граѓани, но се уште не дал изјава за медиумите. 

Во неколку наврати демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“, „Никола, Никола“ и „Слобода, Слобода“… 

Фото: А1он

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави