Пред еден час во скопската населба Чаир кај маркетот „Принц“ имало истрели од огнено оружје. Неофицијално дознаваме дека се работи за престрелка во која едно лице е повредено. Полицијата ги блокираше сите улици во околината на маркетот. Се очекуваат повеќе детали.