Search

„Караван за детство без пречки“ на Скопје филм фестивал во соработка со УНИЦЕФ

Скопје филм фестивал во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Р.Македонија се организатори на филмскиот фестивал “Караван за детство без пречки“, кој започнува утре и ќе се одвива во периодот од 22.11.2017 до 14.12.2017 во шест општини на територијата на Р.Македонија; Свети Николе (22.11.2017), Кавадарци (23.11.2017), Битола (28.11.2017), Штип (11.12.2017), Кичево (12.12.2017) и Гостивар (14.12.2017).

Фестивалот ќе се реализира преку еднодневни настани со филмска програма, анимирани и играни краткометражни филмови за деца од 9-13 години, наменети за промоција на инклузијата на децата со попреченост, нивните права и способности. Пред почеток на проекциите поздравен говор ќе одржат градоначалниците на наведените општини и претставникот на УНИЦЕФ во земјата, г.Бенџамин Паркс.

По завршување на проекцијата ќе се одржи дебата со модератор и учесници каде ќе се анимират децата да говорат за различноста и за предрасудите со кои децата со попреченост се соочуваат, со цел да се разбуди, поттикне и развие свеста кај младите луѓе за важноста од прифаќањето на индивидуалноста и различностите во секојдневното живеење.За време на дебатата, децата и младите со попреченост ќе имаат можност да ги истакнат проблемите со кои тие се соочуваат и да ги искажат своите ставови,гледишта и надежи за промената во односот на општеството кон различноста и попреченоста.

Влијанието на медиумите, преку промоција и поддршка на настани од ваков карактер, има големо значење и влијание врз целокупната јавност.Искрено се надевме дека заднички ќе помогнеме и ќе дадеме придонес во промоцијата на позитивната слика за капацитетите на децата со попреченост и ставот дека тие се наши сограѓани кои можат рамноправно да учествуваат во сите сегменти од животот.

Овој караван е дел од новата фаза од кампањата “Биди фер. За детство без пречки” во која се става акцент на потребата да се ослободи потенцијалот во секое дете.

Проекциите на филмовите ќе се одржуваат во центрите за култура, со почеток во 12:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави