Search

Средба во МВР за реформите во системот за комуникации

Денеска во рамките на процесот на реформа на системот за следење на комуникациите, министерот Оливер Спасовски одржа консултативна среба со претставници на граѓанскиот сектор,  на која беа претставени можните опции за измена на постојниот систем.

Министерот Спасовски искажа уверување дека граѓанските организации ќе дадат значаен придонес во подобрувањето на понудениот модел и ќе бидат активни чинители во негова имплементација.

Претставниците на граѓанските организации изразија подготвеност активно да учествуваат во процесот и со конкретни предлози и забелешки да влијаат на подобрување на имплементацијата на реформата.

Министерот Спасовски и претставниците на граѓанските организации се согласија дека само преку сеопфатен дијалог може да се постигне консензус за ваква суштествена реформа.

Треба да знаете
Последни објави