Search

НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2017 ГОДИНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Во организација нанационалното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија од 15 јуни до 31 август 2017 година траеше конкурсот за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики (ООП) на македонските претпријатија, реализирани во периодот од 1 јуни 2016 до 1 јуни 2017 година. Целта на Наградата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување и да инспирира воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Република Македонија. Годинава на конкурсот беа пријавени34 проекти.

Организирањето на Националната награда е финансиски поддржано од Министерството за економија и, четврта година по ред, од проектот „Општествена одговорност за сите“ („CSR forAll”), кофинансиран од Европската унија.

             Националната награда за најдобри општествено одговорни практики се доделува десет години по ред, а во изминатиот десетгодишен  период вкупно 173 македонски претпријатија пријавија 540 добри општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата посветеност и грижа кон создавање на позитивно влијание во општеството и животната средина, насочено кон социјална и економска добросостојба. Досега беа наградени 252 добри практики од пет различни области на општествената одговорност, од кои 101 со статуетки, а 151 со плакети.

             Речиси половината од проектите биле поднесени во категоријата Вложување во заедницата – 41%; потоа во Однос кон вработените – 21%; Однос кон животната средина – 17%; Односи на пазарот – 13% и најмалку во категоријата Етичко управување – 8%. Од 173 претпријатија, 99 се МСП (57%), а 74 се ГП (43%). Притоа, 125 се од Скопје (72%), а 48 се од другите градови во земјата (28%). Најголем број прет­при­ја­ти­ја кои аплицираа се од: услужниот сектор – 28%; ИКТ секторот – 13%; финансискиот сектор 9%; прехранбената индустрија – 9%; металопреработувачката индустрија – 8%; градежната и текстилната индустрија – по 7%. Процентот на претпријатија кои првпат аплицираат во изминатите години се движел од 24% до 54% или во просек 34%, што претставува солиден показател за континуираниот интерес на македон­ски­те претпријатија за учество во Наградата.

             По повод десетгодишниот јубилеј, организаторите одлучија да доделат јубилејни награди, како признание на претпријатијата кои освоиле најмногу награди (статуетки и плакети) во периодот 2007-2017 година.

             Добитници на јубилејните награди во групата мали и средни претпријатија се:

  • Раде Кончар – ТЕП дооел Скопје
  • Фармахем дооел Скопје
  • Дониа доо Прилеп
  • Пакомак доо Скопје
  • Дуна Компјутери доо Скопје и
  • Раде Кончар-Сервис доо Скопје

             Добитници на јубилејните награди во групата големи претпријатија се:

  • ЕВН Македонија ад Скопје
  • Цементарница УСЈЕ ад Скопје
  • Фени Индустри ад Кавадарци
  • Адора Инженеринг дооел Скопје
  • Алкалоид ад Скопје

Во 2017 година, во различни кате­гории на општествена одговорност, свои пријави за наградата доставија 25 македонски претпријатија со вкупно 34 проекти, од кои 10 мали и средни претпријатија со 10 проекти и 15 големи претпријатија со 24 проекти.

Како и секоја година, така и оваа, претпријатијата аплицираа со најмногу проекти во категоријата „Вложување во заедницата“ (вкупно 11).

Потоа следат категориите: „Однос кон вработените“ со 9 проекти, „Однос кон животната средина“ со 7 проекти, „Односи на пазарот“ со 5 проекти и „Етичко управување“ со 2 проекти. Во споредба со минатата година, зголе­мен е бројот на апликации во категори­јата „Однос кон вработените“; намален во категори­и­те „Етичко управување“ и „Вложување во заед­ни­цата“, а непроменет  во категориите „Односи на пазарот“ и „Однос кон животната средина“.

Дваесет и четири од пријавените претпријатија се од Скопје, што претставува 96%.

За првпат апли­цираа осум претпријатија, или 32% од вкупниот број, што претставува солиден показател за континуираниот интерес на македон­ски­те претпријатија за учество во Наградата.

Најголем број на прет­при­ја­ти­ја кои аплицираа се од услужниот сектор (5), финансискиот (4), односно ИКТ секторот (4).

Оваа година, по третпат се доделува признание за најинвентивна практика во сите категории.

Треба да знаете
Последни објави